Марија Спасовска и Дарко Димитров повторно се здружија и заедно создадоа нова музика.
15-годишната пејачка ја освежува македонската музичката сцена со песната насловена „Број еден“.
Покрај изведувач, Марија овојпат се јавува и како автор на музиката и текстот. Димитров се погрижи за аранжманот.
Режисер за видеозаписот е Зоран Зонде Стојановски, а за стајлингот на Марија во спотот заслужни се Даниел Николовски и Мите Занов.