Антониа Гиговска со моќна балада допира до многу фанови.
23-годишната пејачка го објави спотот за песната „Жена“ со која се претстави синоќа на Макфест и за која доби многу аплаузи.
Музиката и аранжманот ги потпишува Лазар Цветкоски, а за текстот на песната тој соработуваше со неговата сестра Магдалена Цветкоска.
Во видеозаписот Гиговска се појавува со нов имиџ со кратка коса и заведува во смела црвена креација.




