Данијела Мартиновиќ го објави спотот за новата песна „Žena“.
52-годишната хрватска пејачка со силни емоции го пее прекрасниот текст за силната љубов на жените. Во неодамнешен разговор, Данијела зборуваше токму за оваа песна и рече:
„Последица е од доби намери, а во мојот живот дојде како и најголемиот дел од убавите околности кои ми се случија во последните години – потполно неочекувано.“
„Музиката, аранжманот и продукцијата ги потпишува почитуваниот словенечки автор Raay, а стиховите ги напиша еден од најголемите хрватски текстописци Ненад Нинчевиќ. Песната им ја посветувам на сите жени, од сите животни доби и верувам дека нема ниту една која на некаков начин нема да се пронајде во неа. Ја отпеав од срце за сите вас.“


