Ед Ширан има нова божиќна песна.
На прагот од празничната сезона, 33-годишниот пејач го објави спотот за „Under the Tree“ којашто е снимена за новиот анимиран филм на Netflix, „That Christmas“. Во него, Ед се надева дека ќе си ја врати старата љубов. Прикажани се моменти во кои тој е сам vs. моменти од заеднички спомени со неговата сакана.
„Оваа песна е напишана за лик од филмот кој сака да го помине Божиќ со татко му, но не може. Тоа е срцепарателна сцена и е нешто низ коешто многу луѓе минуваат секоја година кога се сами за Божиќ. Се надевам дека песната ќе им се допадне на сите“ – стои во изјавата на Ширан.
Погледнете го спотот за „Under the Tree“:
Трејлер за „That Christmas“: