Никол Шерцингер за првпат соработуваше со Луис Фонси за песната „She’s BINGO“, која најверојатно ќе биде летен хит.
42-годишната пејачка и 42-годишниот латино заводник се здружија со продуцентот MC Blitzy за синглот и експлозивниот видео спот. Никол е вистинска заводничка во забавното видео снимено во Мајами за време на пандемијата со КОВИД-19.