Празничната сезона наскоро ќе пристигне, а Мараја Кери, Аријана Гранде и Џенифер Хадсон ја прават атмосферата позабавна со нивната нова заедничка песна.
50-годишната пејачка, нарекувана и „Кралица на божиќната музика“, ја сними песната „Oh Santa“ заедно со Гранде и Хадсон како дел од нејзиното претстојно божиќно шоу „Mariah Carey’s Magical Christmas Special“.
Слушнете ја:
Новиот божиќен саундтрак албум на Мараја ќе биде пуштен денес на Apple TV+. „Oh Santa“ е препеана песна, која Мараја оригинално ја сними во 2010 година. Таа е првиот сингл од албумот.