Јелена Розга го објави спотот за новата песна „Od čega sam ja“.
46-годишната музичарка пее за ранлива, но храбра жена која и самата се изненадува кога ќе ја открие сопствената сила. Текстот го потпишува Иван Хуљиќ.
„Секогаш е убаво да се соработува со некој кого, што би се рекло ‘го познаваш во душата’ и кој знае колку е важно да останеш верен на себеси“ – рекла таа.