Почетна » Новости » Музика » „Love is so Good“: Игор Џамбазов со нова љубовна песна посветена на неговата сакана Илина Арсова

„Love is so Good“: Игор Џамбазов со нова љубовна песна посветена на неговата сакана Илина Арсова

„На мојата муза...“ – со оваа порака завршува новиот музички спот на Игор Џамбазов за песна инспирирана од неговата партнерка Илина Арсова.

Популарниот македонски музичар, актер и шоумен го објави видеозаписот за „Love is so Good (многу ми е премалку...)“, во кој расположен пее и свири гитара на планина.

Во текстот напишан од Џамбазов се вели: „Земи ме со тебе преку седум планини, седум реки, преку седум препреки и ќе те чувам од зло“. Очигледно стиховите се однесуваат на огромното постигнување на Арсова како прва Македонка која ги има освоено седумте највисоки врвови на седумте континенти, за што се закити и со наградата „13 Ноември“.

Низ спотот, кој оддава позитивни вибрации, се прикажани и дел од уметничките слики на Илина.

Во екипата што стои зад песната се вбројуваат: Мите Димовски (аранжман), Гуру Харе (гитара), Дамир Имери (клавијатури), Оливер Јосифовски (бас), Владимир Крстев (виолина) и Мите Димовски (тапани).

Видео

Игор Џамбазов Игор Џамбазов Игор Џамбазов Игор Џамбазов

Парот е во врска од мај минатата година, а инстантно ги освои симпатиите на јавноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.