Денес, кога нашата легенда Тоше Проески ќе наполнеше 43 години, беше објавена нова негова песна „оживеана“ со вештачка интелигенција.
„Kazu Da Vreme Leci Sve“ ги разнежни срцата на фановите на Тоше, благодарение на радио-водителот и диџеј кој му беше верен пријател на Тоше, Кирил Зарлинов, познат и како Erik Fox.
„Благодарност до Александар Трајановски без кој овој проект немаше да биде возможен... Голема благодарност до фамилијата на Тоше за безрезервната поддршка“ – пишува тој.
Музиката и текстот се на Зоран Ѓорѓевиќ, аранжманот и продукцијата ги работеше Зарлинов додека за миксот и мастерингот бил одговорен Костадин Камчев. Видеото со текстот на песната е дело на „Студио 351”.