Сиа и Дејвид Гета ги изненадија своите фанови со нова музичка соработка. Станува збор за песната „Flames“.
Најпознатото заедничко дело на славните музичари досега е „Titanium“. „Titanium сè уште е една од песните со кои сум најгорд и Сиа ми е еден од најомилените артисти со кои сакам да работам. Таа е одлична текстописка и има неверојатен глас. Супер возбуден сум што објавуваме нова песна заедно“ - изјави популарниот диџеј.