Ерик Клептон денес го слави својот 70. роденден. Легендарниот пејач, текстописец и гитарист ја освојува музичката сцена веќе пет децении.
Клептон се смета за еден од највлијателните гитаристи на сите времиња. Талентираниот Англичанец во својата музичка кариера беше дел од повеќе бендови, меѓу кои и Cream, а во 70-тите години на минатиот век ја започна својата соло кариера.
Една од неговите најпознатите песни е „Tears In Heaven“. Во емотивната балада Ерик ја опишува болката и тагата од загубата на својот син Конор. 4-годишното детенце падна од прозорец на зграда во Њујорк.
Уживајте во неколку од најголемите хитови на Клептон.