Moschino ја претстави најновата колекција со ревија под отворено небо во рамките на Њујоршката недела на модата.
Ревијата на дожд ја отвори и затвори супермоделот Џиџи Хадид, која пред 11 месеци стана мајка. На пистата, таа носеше и бебешко шише кое совршено се вклопуваше во колекцијата со детски мотиви и животни како од цртаните филмови.
Во модниот спектакл беа вклучени и моделите Ирина Шајк, Тејлор Хил и Вини Харлоу.
Колекцијата „Ladies Who Lunch“ за сезоната пролет 2022 е дизајнирана од креативниот директор на брендот Џереми Скот, кој е обожавател на сè што е ексцентрично и кич.