Фановите на Moschino со нетрпение го очекуваа презентирањето на колекцијата која брендот ја создаде во соработка со H&M, за да можат по пристапни цени да си купат креации од дизајнерот Џереми Скот.
Модното шоу Moschino [tv] H&M се одржа во Њујорк. На ревијата дефилираа многу славни модели како Наоми Кембел, Џиџи и Бела Хадид, Вини Харлоу, Тејлор Хил и Кендис Сванапул.
„Многу беше забавно транспортирањето во Moschino светот на Џереми на шоуто Moschino [tv] H&M. Тоа ги долови позитивноста, смислата за хумор и радоста кои се во секое едно парче од колeкцијата“ - изјави Ен-Софи Јохансон, креативен советник во H&M.
Непосредно по завршувањето на ревијата, просторот се претвори во поп-ап продавница за гостите да можат први да си купат парче од колекцијата која ќе биде пуштена во продажба на 8 ноември.