Пандемијата постави многу ограничувања во модната индустрија, но исто така ја развиори и креативноста на брендовите. Па така, се родија многу неконвенционални презентации.
Џереми Скот ја претстави неговата најнова колекција за Moschino со филм со 36 модни ѕвезди. Меи Маск нè води низ неколку различни сегменти во кои се појавуваат редица модели меѓу кои Миранда Кер, Каролин Марфи, Хејли Бибер, Џоан Смолс, Лили Олдриџ, Тејлор Хил и Стела Максвел, како и кралицата на бурлеската, Дита Вон Тис.
Колекцијата наменета за сезоната есен/зима 2021 е насловена „Jungle Red“ и е инспирирана од Холивуд во златните 50-ти години.
Видео
Коментирајќи ја колекцијата, Џереми рекол: „Комфор-шмомфор! Она што сега ни е попотребно отсекогаш е фантазија и гламур и нешта кои прават да се чувствуваш прекрасно. И не мислам дека тренерките ќе го сторат тоа.“