Џиџи Хадид е еден од најбараните и најуспешните модели во модната индустрија, а на ревијата на Moschino покажа дека тоа се должи на нејзиниот професионализам.
Додека 21-годишната манекенка дефилираше на модната писта за презентирањето на колекцијата есен/зима 2017 на италијанската модна куќа, штиклата ѝ се заглави во ресите од фустанот. Но, Џиџи како вистински професионалец се справи со ситуацијата и смирено и самоуверено продолжи да чекори на пистата.
На ревијата на Moschino, одржана во рамките на Миланската модна недела, дефилираа и сестрата на Џиџи, Бела Хадид, и Кендал Џенер.