Миранда Кер изминатиот период престојуваше во Сеул. 33-годишната Австралијка беше дел од ревијата на брендот за долна облека Wonderbra, која се одржа во токму во главниот град на Јужна Кореа.
Пред почетокот на модното шоу, поранешниот ангел на Victoria’s Secret позираше пред бројните фоторепортери во црвен фустан со чипка од шведскиот бренд H&M, кој чини 4.300 денари. Својот моден избор, Кер го комплетираше со црвени обувки од Џанвито Роси.
На аеродром, славната свршеница на Еван Спигел, основачот на Snapchat, беше „уловена“ од папараците во комбинезон од TopShop од 4.900 денари.