Слободно може да се каже дека Гал Гадот е новата холивудска миленичка. 32-годишната актерка стекна светска слава со улогата во „Wonder Woman“, а по големиот успех како „чудесната жена“, нејзините филмски ангажмани се нижат со леснотија.
Убавата ѕвезда е родена во Израел, а израсна во гратчето Петах Тиква.
Уште од мали нозе Гал сонуваше да стане модел, па работеше на исполнување на својата голема желба. Таа беше прогласена за Мис Израел во 2004 година и ја претставуваше својата држава на Мис Универзум.
На 20-годишна возраст, филмската ѕвезда со ведра насмевка стана дел од Израелските одбрамбени сили. Токму нејзиното служење во војска ѝ помогна при добивањето на улогата на Жизел во акционите филмови „Fast Five“ и „Fast & Furious 6“.
Гадот е во брак со Јарон Версано речиси 10 години. Тие се родители на две девојчиња. Нивната поголема ќеркичка Алма се роди во 2011 година, додека ќерка им Маја дојде на овој свет во март минатата година.
Гал беше во петтиот месец од втората бременост за време на снимањето на „Wonder Woman“.
Атрактивниот изглед на Гадот ѝ донесе бројни модни ангажмани за брендови како Miss Sixty и Gucci, а во изминатите години таа има разубавено бројни списанија, меѓу кои Cosmopolitan, Glamour и Bride Magazine.
За холивудските свечености, Гадот избира креации кои ја истакнуваат нејзината привлечна фигура. Во продолжение, погледнете дел од највпечатливите стилски моменти на Гал: