Колоритни и забавни комбинации ја одбележаа модата на Kids' Choice Awards.
На церемонијата која се одржа во Санта Моника, Калифорнија, шармираа Софија Вергара, Хајди Клум и Гал Гадот.
Вергара блескаше во портокалов комбинезон од колекција pre-fall 2020 на Брендон Максвел, а за аксесоар избра црна чантичка од Долче и Габана.
Заедно со Хајди Клум, таа ја прими наградата Омилено реално шоу за America's Got Talent.
Клум изгледаше урбано и впечатливо во разнобоен аутфит од колекцијата есен/зима 2021 на Долче и Габана.
Гал Гадот, која беше номинирана во категоријата Омилена филмска актерка, а ја прими наградата Омилен филм за Wonder Woman 1984, носеше сончево жолт фустан со потпис на Стела Мекартни.