Викторија Бекам ретко се одделува од сопствените креации и секогаш преку својот стил ги рекламира новите колекции.
47-годишната дизајнерка беше затекната пред студиото на „Good Morning America“ во колоритна комбинација, која обединуваше црвена блуза и жолти панталони со нејзин потпис и зелена чанта од Ботега Венета.
Бекам гостуваше во популарната емисија за да го промовира најновиот производ од нејзината козметичка линија Victoria Beckham Beauty.