Лили Роуз Деп и Кара Делавињ беа ѕвездите на ревијата на Шанел, која вчера се одржа во хотелот „Риц“ во Париз.
17-годишната ќерка на Џони Деп и нејзината 24-годишна колешка блеснаа во по две креации од колекцијата pre-fall 2017 на врвниот француски бренд.
За колекцијата, дизајнерот Карл Лагерфелд се инспирираше од Париз во времето на неповторливата Коко Шанел. „Риц“ не е случајно избран како локација за модниот настан. Тој бил дом на Габриел Коко Шанел повеќе од 37 години.
„Морате да се движите како да одите низ најлуксузниот ресторан, убедени дека сте најубавата и најелегантната жена на светот – што и сте“ – рекол Лагерфелд.
Покрај Лили и Кара, на ревијата дефилираа и ќерката на Лајонел Ричи, Софија, и Фарел Вилијамс.
Меѓу гостите беше и Ванеса Паради – мајката на Лили Роуз и поранешна партнерка на Џони Деп.