Шоуто на познатиот бренд за долна облека Victoria's Secret секоја година ги воодушевува и мажите и жените. Независно дали поради ангелските креации или поради разголените идеално обликувани тела на манекенките, милиони луѓе со ококорени очи го следат модниот спектакл.
Оваа година шоуто достигна најголема популарност досега. Кога беше прикажано на телевизијата CBS, вкупно 10,3 милиони луѓе застанаа пред екраните за да ја погледнат екстравагантната ревија.
Погледнете како изгледаше најскапата ревија на VS досега.