Колекцијата на Зухаир Мурад ќе ве однесе во рајска градина. Либанскиот креатор, кој умее да продре во женските фантазии, ја претстави новата колекција висока мода за сезоната пролет/лето 2014 во градот на светлината.
Волшебните креации се хармоничен спој на беспрекорна елеганција и нереален раскош. Магичната градина околу домот на Мурад била инспирација за колекцијата збогатена со многу цветни апликации и извезени цветови.
Елегантни златни колани кои имитираа лисја ја истакнуваа женската силуета на манекенките и напомнуваа за влијанието на природата врз визијата на Мурад.