Хејли Бибер е ѕвездата која стои во фокусот на кампањата за есенската колекција на Џими Чу.
24-годишниот модел изгледа смело, самоуверено и гламурозно за рекламната фотосесија насловена „Time To Dare“.
„Хејли е олицетворение на духот на Џими Чу – гламурозна, секси, привлечна, смела и самоуверена. Таа совршено ја одразува ДНК-та на која се основа нашиот бренд. Ја сакам нејзината енергија, стилот и вродената самодоверба која доаѓа до израз на секоја од фотографиите“ – вели Сандра Чои, креативна директорка на Џими Чу.