Урбана егзотика владее во новиот каталог на „Bebe“, кој ја најавува топлата пролет.
Ирина Шајк и Даниела Брага се модните хероини кои заведуваат во впечатливи креации со динамични принтови, ведри бои и модернистички кроеви.
Атрактивната Русинка и згодната Бразилка го потенцираа својот сексапил пред објективот на познатиот фотограф Мариано Виванко.