Презентирањето на колекциите висока мода привлекува дами од целиот свет во светскиот центар на модата – Париз.
Додека на пистите манекенките дефилираа во рачно изработени креации од модни куќи како Шанел, Диор, Зухаир Мурад, Ели Сааб, Валентино и Версаче, на улиците се одвиваше стилско шоу приредено од вљубенички во модата.
Фотографите имаа задача да го овековечат стилот на посетителките кои итаа од една локација на друга низ Градот на светлината и љубовта.