Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Српска бодибилдерка ѕвезда во реклама за шминка на „MAC“

ФОТО: Српска бодибилдерка ѕвезда во реклама за шминка на „MAC“

Рекламите на козметичките гиганти знаат да бидат многу здодевни – згодни слаби модели изгланцани до совршенство позираат разубавени со рекламираните производи. Но, познатиот бренд MAC Cosmetics успева да им го зачува вниманието на публиката со нестандардни маркетинг решенија.

Ѕвездата во рекламата за новата козметичка колекција „Strength“ на MAC е српската бодибилдерка Јелена Џорџевиќ (Jelena Abbou). Формата на нејзиното тело е толку поразлична од онаа на манекенките со кои секојдневно сме бомбардирани од медиумите, што веднаш го заробува погледот.

Јелена Џорџевиќ

На фотографијата, 35-годишната Србинка која израснала во Горни Милановац, а сега живее и работи во САД, истовремено изгледа и елегантно и моќно. Контрастот помеѓу нежните црти на нејзиното лице и мажествената форма на нејзините раце несомнено ја подгрева љубопитноста.

„Бестрашна, елегантна и силна. Заземете моќна поза, истакнете се, предефинирајте го поимот за убавина и направете го тоа со сила која е премногу неодолива за да биде игнорирана“ – со овие зборови MAC ја опишува новата колекција.

Игнорирајќи ги стандардите за убавина, MAC заработи многу пофалби, а кампањата стана вистински хит.

Јелена Џорџевиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20819 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.