• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ВИДЕО: Лејди Гага во елегантна и морничава реклама за MAC

24 февруари 2011, 12:46
  • cподели
Лејди Гага

Кога ја имате Лејди Гага за заштитно лице, треба да бидете подготвени работите да се малку чудни и нестандардни. Така, MAC Cosmetics сигурно знаеја дека Гага нема да направи стандардна гламурозна реклама за нивната линија кармини Viva Glam.

Најновата реклама на 24-годишната пејачка е елегантна, но и малку морничава. Во неа се покажуваат и црно-бели, и кадри во боја. Гага е прикажана зад завеса, а нејзиниот одраз се гледа во огледало кое е опкружено со черепи и чаша за мартини во која има златна рипка.

MAC Viva Glam линијата е создадена за хуманитарни цели. Гага и MAC собираат средства за помагање на борбата против сидата. Целта е до јули 2012-та да бидат собрани 250 милиони долари.

„Оваа година целта ми е да им помогнам на сите да преземат контрола врз ризикот од ХИВ/Сида со користење на кондоми и редовно тестирање. 100% од продажбите на Viva Glam одат за MAF (Mac Aid Fund). Досега MAF има собрано 202 милиони долари преку Viva Glam. Мојата цел е да постигнам нов рекорд во продажби и да добиеме вкупно 250 милиони долари до наредната Интернационална конференција за сида во јули 2012. Знам дека моите неверојатни обожаватели ќе ми помогнат во ова“ – изјавила Гага.

Tags
Лејди Гага
MAC

Најнови

  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Адвентски календари од dm

    Празнична магија со адвентските календари од dm – совршениот подарок за секого!

    Fri, 12/12/2025 - 14:35
  • „Ѕид на љубезноста“: Улични „катчиња“ во Шведска за топла облека за оние кои не можат да си дозволат

    Fri, 12/12/2025 - 14:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.