Синди Крафорд беше гостинка на моден настан во Лос Анџелес, по повод лансирањето на долго најавуваната колекција на Балман за H&M. Славниот супермодел ја понесе со себе 14-годишната ќерка Каја, за одблиску да фрлат поглед на креациите кои Оливие Рустан ги дизајнираше за познатиот шведски бренд.
Прекрасното дуо носеше креации од лимитираната колекција, која од денес е достапна за купување во 250 продавници на H&M низ светот и онлајн.
Каја ги следи стапките на својата мајка и го склучи првиот моден договор со IMG во јули оваа година.