Пенелопе и Моника Круз влегуваат сè подлабоко и подлабоко во модната индустрија. Популарните сестри имаат соработувано со повеќе модни брендови, а сега создадоа капсулна колекција чанти за брендот „Carpisa“.
Женствените и класични модели дизајнирани од талентираните сестри се спој на шпанскиот шарм и италијанската елеганција.
Сите чанти од колекцијата, во која доминираат темна маслинеста, сива и кафеава боја, се изработени од вистинска кожа.
Пенелопе беше и лицето од есенската кампања на познатиот бренд.
Погледнете и видео од кампањата: