Почетна » Новости » Мода » ФОТО: „Росалинда“ заблеска во раскошна креација од македонскиот дизајнер Златко Јовановски

ФОТО: „Росалинда“ заблеска во раскошна креација од македонскиот дизајнер Златко Јовановски

Креациите на Златко Јовановски стигнуваат до сè повеќе светски ѕвезди. Пејачката и актерка Талија повторно носеше фустан од македонскиот дизајнер и изгледаше фантастично.

На доделувањето на Латино-американските музички награди, 52-годишната ѕвезда се појави на сцената во фустан со бисери и пердуви. Талија кај нас е најпозната по улогата на Росалинда во истоимената серија.

„Иако јас имав нови скицирани дизајни за овој нејзин настан, сепак таа се одлучи за фустан од наша колекција кој веќе беше презентиран. Јас решив малку да го изменам, односно овој пат долниот дел со пердуви го направивме поголем, поширок и пораскошен. На него везевме многу бисери, монистри и кристали“ – изјави Златко за Фемина.

Талија Талија

Златко се гордее со својот успех и вели дека кога работите напорно, успехот е загарантиран.

„Кога размислувате светски, кога работите напорно и пред сè кога верувате во вас - ќе успеете. Јас не мислам дека моите светски пет минути се дојдени, но сметам дека ваквите можности и прилики само ќе ме однесат едно скалило погоре“ – вели тој.

Талија Талија Талија Талија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20785 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.