Талија Соди блесна во креација специјално дизајнирана за неа од македонскиот дизајнер Златко Јовановски.
51-годишната актерка, позната по улогата на Росалинда, носеше корсет инспириран од креација која таа ја има носено во 1992 година.
„На моја огромна чест и задоволство, Талија носи моја креација направена специјално за неа. Овој корсет е направен од плиш кадифе во розева боја и надолу продолжува во форма на подвезици. Аблемите се рачно направени, везени со разновидни монистри и камења“ – изјави Златко за Femina.mk.
Јовановски вели: „Верувајте во чуда. Бидејќи за мене е многу (позитивно) чудно што како дете ја гледав шпанската серија ‘Росалинда’ и замислував како живеат тие глумци, а денес со Росалинда главниот лик на серијата, односно со Талија сум во контакт. Сè е возможно ако вистински се сака и за истото напорно се работи“.
Креации од Златко, кој стои зад брендот JZJ, имаат носено и пејачките Ава Макс и Јелена Карлеуша.