Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Робин Лоули со колекција костими за капење за жени со облини

ФОТО: Робин Лоули со колекција костими за капење за жени со облини

Додека модната индустрија секојдневно е критикувана за ангажирањето на преслаби манекенки, една девојка успешно ги враќа облините на модната сцена.

Робин Лоули е прекрасен модел кој шармира сè повеќе модни уредници и дизајнери, како и обожаватели. 24-годишната Австралијка веќе се има појавено во италијанскиот и австралискиот „Vogue“ и францускиот „Elle“, а минатата година стана првото заштитно лице на Ралф Лорен со заоблена фигура.

Сега Робин привлекува комплименти благодарение на нејзината колекција костими за капење за жени со облини. Новата колекција вклучува едноделни и дводелни костими кои нудат одлична потпора на градите и го сокриваат заобленото стомаче.

Робин Лоули Робин Лоули

Иако на пазарот денес можат да се најдат најразлични модели костими за капење, Робин вели дека никогаш не можела да најде костим за нејзиното тело во којшто се чувствувала привлечно и модерно. „Јас сум девојка од Австралија, често одиме на плажа и пливам цел мој живот. Ми беше непријатно што на 22 или 23 години одев на плажа без да се чувствувам удобно во тоа што го носам“ – изјавила таа.

Робин Лоули Робин Лоули

За време на креирањето на колекцијата, Робин се стремела да ги елиминира сите проблеми на кои наидувала при купувањето на костими за капење, како пренизок струк на гаќичките или старомоден и здодевен дизајн.

„Мислев на сите проблеми од кои страдав додека купував костими за капење и се насочив кон тоа да ги коригирам тие проблеми. Зошто повозрасните жени да мораат да носат здодевни костими? Ние нудиме многу парчиња кои можат да се носат од сите жени, без оглед на нивната возраст“ – објаснила таа.

Робин Лоули Робин Лоули Робин Лоули

Робин вели дека не се чувствува како „plus-size“ девојка, туку како девојка со нормална големина и уверува дека нејзината колекција ќе вклучува костими за сите жени, без оглед на нивната фигура.

„Сметам дека секој треба да се фокусира на тоа да биде здрав, а не да биде слаб, мислам дека е бизарно да размислуваме поинаку. Не се загрижувам за тоа која големина сум, се грижам за мојата форма, моето здравје и секој треба да се грижи за тоа“ – рекла таа.

Робин Лоули Робин Лоули

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.