Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Моделот со облини кој го освојува светот на модата

ФОТО: Моделот со облини кој го освојува светот на модата

Робин Лоули забрзано ги пробива облините во светот на модата. Убавата бринета, која според денешните строги модни стандарди има неколку килограми плус, шармира сè повеќе модни уредници и дизајнери кои сакаат да покажат дека модниот свет е отворен за девојки од категоријата „plus-size“.

Во време кога манекенките на пистите имаат анорексичен изглед, Робин е вистинско освежување. 23-годишната Австралијка веќе се има појавено во италијанскиот и австралискиот „Vogue“ и францускиот „Elle“, а пред неколку недели стана првото „plus-size“ заштитно лице на Ралф Лорен.

Најновата фотосесија на Робин е за австралиското издание на „Cosmopolitan“, а во неа Робин позира во костими за капење.

Робин за „Cosmopolitan“ АвстралијаРобин за „Cosmopolitan“ Австралија Робин Лоули Робин Лоули Робин Лоули

Во интервју за Good Morning America, Робин раскажа дека започнала да работи како модел уште на 16 години, но ѝ било многу тешко да одржи слаба фигура, типична за останатите манекенки и модели. „Чувствував голем притисок да бидам на диета. Тоа беше тешка битка за мене, затоа што имам големи коски, висока сум и широка. Навистина се мачев да ја одржам таа тежина“ – изјави таа.

Имало моменти кога Робин започнала да чита совети на сајтови за анорексија за да може да остане меѓу слабите модели. Во еден момент таа се откажала од модната индустрија и се преселила во Франција каде што уживала во храната. Како резултат на вкусната француска кујна, таа добила позаоблена фигура и по враќањето во Австралија решила да стане „plus-size“ модел.

По прашината која таа заедно со две колешки ја кренаа откако се појавија на насловната на италијанскиот „Vogue“, Робин стана заштитно лице на брендот за долна облека „Boux Avenue“.

Насловната на италијанскиот „Vogue“ со три „plus-size“ моделиНасловната на италијанскиот „Vogue“ со три „plus-size“ модели Робин Лоули Робин Лоули Робин Лоули

Ангажирањето од страна на Ралф Лорен е уште еден доказ дека Робин ја менува играта во модната индустрија. Ваквиот потег на Ралф беше многу позитивно оценет, особено затоа што минати рекламни кампањи на овој бренд беа критикувани поради анорексичниот изглед на моделите.

Робин во рекламната кампања на Ралф ЛоренРобин во рекламната кампања на Ралф Лорен

Пред неколку години од Ралф Лорен признаа дека со дигитална обработка го промениле изгледот на неколку модели за да изгледаат послаби, за што подоцна се извинија.

Реклами на Ралф ЛоренМинати кампањи на Ралф Лорен кои беа мета на критика поради преголемата употреба на Фотошоп

Женствените облини на Робин прават пат за сè повеќе крупни модели да добиваат место во списанијата и во рекламните кампањи. А, не е тајна дека жените со воодушевување ја прифаќаат ваквата промена.

Робин во францускиот „Elle“Робин во францускиот „Elle“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20823 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.