Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Ријана и официјално ќе ја добие титулата „модна икона“

ФОТО: Ријана и официјално ќе ја добие титулата „модна икона“

Врвни дизајнери ја посочуваат како своја муза, а илјадници девојки во нејзините комбинации бараат инспирација, па Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) одлучи годинава да ѝ ја додели наградата „Модна икона на годината“ токму на Ријана.

Официјално славната пејачка ќе ја прими наградата за време на свечена церемонија која ќе се одржи на 2 јуни во Њујорк.

Во изминативе години меѓу модните икони кои ја добиле оваа награда се и Џони Деп (2012), Лејди Гага (2011), Кејт Мос (2005), Сара Џесика Паркер (2004) и Никол Кидман (2003).

Ријана е бестрашна кога е во прашање модата и храбро комбинира облека и модни додатоци кои навидум изгледаат неспојливи. „Таа може да нафрли комбинации кои не би успеале да си замислите дека може да ги носи некој друг и да изгледа одлично“ – вели Том Форд. „Не постои некој друг што ме возбудува повеќе од неа“ – неодамна сподели креаторот Александар Ванг.

Од нежна и елегантна до дрска и сексапилна... Ѕирнете низ некои од најсилните модни моменти на Ријана и погледнете како еволуираше нејзиниот стил.

Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана
Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20821 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.