Згодните Рајан Рејнолдс и Роузи Хантингтон Вајтли се новите рекламни лица на познатиот бренд за облека Marks & Spencer.
Привлечниот пар со новата кампања ја промовира есенската колекција, наречена „Autograph“. „Роузи и Рајан се совршени за Autograph – убави, ексклузивни и апсолутно современи“ – изјавиле од компанијата.
И Роузи и Рајан имаат освојувано титула „Најсекси жена (маж) на светот“, па нормално е да се очекува дека нивната заедничка соработка ќе биде одлично прифатена.