Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Првиот бутик на Викторија Бекам во Лондон

ФОТО: Првиот бутик на Викторија Бекам во Лондон

Викторија Бекам направи уште еден голем чекор во дизајнерската кариера, отворајќи го својот прв бутик.

Пространата продавница веќе ѝ е „втор дом“ на 40-годишната креаторка. На површина од околу 560m2 се изложени актуелните стилски дела на Бекам, а бутикот повеќе наликува на современа уметничка галерија одошто на типична луксузна продавница на модна куќа.

Викторија со гордост раскажала дека ентериерот го отсликува нејзиниот карактер и стил. Од ореовите закачалки обесени на долги синџири, до грандиозните бетонски скалила кои ги поврзуваат трите ката, буквално сè било направено по директно одобрување од г-ѓа Бекам.

„Не сакам луѓето да се плашат да влезат внатре“ – изјавила Викторија и дополнила дека сака шопингот да биде уникатно доживување за секој нејзин клиент.

Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам Бутикот на Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.