Француската козметичка компанија Make Up For Ever одлучи да објави реклама за пудра за која фотографиите не се дигитално обработени. Од компанијата тврдат дека ова е првата реклама за шминка во светот за која не е користено ретуширање.
На фотографијата е прикажана девојка којашто многу наликува на Блејк Лајвли, а која држи фотоапарат со кој се фотографира. Компанијата дури и ангажирала стручни лица за да потврдат дека фотографијата не е дигитално коригирана.
Кожата на моделите на рекламите за пудра секогаш изгледа беспрекорна, но од Make Up For Ever сакаат да покажат дека со нивната нова пудра HD Invisible Cover нема никогаш да ви биде потребен Фотошоп.
„Нашата цел е со оваа кампања да допреме до потрошувачите кои досега не ја пробале новата пудра и да им докажеме дека таа навистина создава беспрекорен изглед на кожата и дека нема потреба од ретуширање, дури ни за реклама“ – изјавиле од компанијата.