Џими Чу ги враќа оптимизмот и колоритноста во колекцијата обувки пролет/лето 2013.
Колекцијата е инспирирана од гламурот во доцните 60-ти и раните 70-ти години, како и од незаборавните модели Верушка и Мариса Бренсон.
Мултиколоритните цветни принтови, змискиот дезен, перфорираните детали и ресите внесуваат динамика во колекцијата, која ги става на пиедестал елегантните сандали со многу ремчиња, чизмичките со отворени прсти и сандалите со ремче на глужд.