Кога класичните модели на чевли и сандали ќе минат низ рацете на Маноло Бланик, резултатот секогаш е уникатен.
За сончевата сезона пролет/лето 2013, 69-годишниот дизајнер претстави еклектичка колекција во која доминираат сандалите со елегантни силуети, без платформа. Забележителни се цветните детали и геометриските елементи, како и врвките искористени за надополнување на оригиналниот изглед на некои од моделите.
Дел од колекцијата на Маноло за првпат имавме прилика да видиме на ревијата на Викторија Бекам во септември. Последните осум модели, инспирирани од формата на чизми, беа дел од изгледот на манекенките на ревијата одржана во Њујорк.