Пред неколку месеци ги видовме првите модели од новата колекцијата на Кристијан Лобутин. Сега имаме можност да видиме што сè нуди францускиот дизајнер за топлата сезона.
Колекцијата пролет/лето 2013 вклучува уникатни обувки за впечатлив изглед. Покрај класичните модели со платформа и тенка штикла по кои е препознатлив, Лобутин предлага и летни чизмички со отворени прсти, сандали со тенки ремчиња, сандали со целосна платформа и спортски обувки.
Црвениот ѓон е како идеален пикантен зачин кој е заслужен за умерените секси вибрации.