Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Новата фризура на Карли Клос е хит во модната индустрија

ФОТО: Новата фризура на Карли Клос е хит во модната индустрија

Некои ја нарекуваат „the Chop“, други „the Karlie“, Vogue ја нарече „фризурата на моментов“, додека New York Times отиде уште еден чекор понапред и ѝ ја даде титулата „фризура на годината“... Се работи за краткиот слоевит боб со шишки на Карли Клос.

Карли Клос

Откако Клос, една од најбараните манекенки во моментов, отсече речиси 18 сантиметри од својата коса, модниот свет ги пренасочи погледите од нејзиното тело и лице кон нејзината коса. Фризурата е дело на славниот стилист на коса Гарен Дефазио, а беше направена по барање на Vogue. Четири страници од јануарскиот број на модната библија беа посветени токму на новата фризура на Клос, која е инспирирана од фризурата на Џејн Биркин од 60-тите години.

Карли КлосVogue: Карли пред и потоа

„Новата коса за сезоната е разиграна, секси и освежувачки лесна за носење“ – пишува списанието.

Дефазио е категоричен – долгата брановидна коса која е хит на црвениот тепих станува здодевна. „Уморен сум од нежните бранови, косата како за на црвен тепих. Исто како совршено правата коса, и брановидната фризура застаре. Некои од другите модели ја отсекуваат косата над рамената, жените ја скратуваат до и над клучната коска. Тоа е поприроден изглед“ – вели тој.

Карли Клос

„Ја истрижав на начин кој ќе ги охрабри нејзините природни бранови. Доволно е долга за да може да ја залиже наназад со гел, а е модерна затоа што е лесна и разбушавена. Кратката коса е ин“ – додал тој во интервју за New York Times.

Карли се истрижа неколку дена пред да дефилира на шоуто на Victoria’s Secret, но на пистата се појави со надградба на косата.

Која фризура изгледа подобро на Клос? Би експериментирале ли со „the Karlie“?

Карли Клос

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20824 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.