Колекција ресорт 2018 на Шанел ќе ве врати во минатото. Новите модни дела дизајнирани од Карл Лагерфелд се инспирирани од античка Грција, а беа презентирани на ревија во Париз.
Златна, бела, бежова и жолта боја доминираат во креациите претставени на модното шоу „Modernity of Antiquity“ во Градот на светлината.
„За да ја создадеш иднината, мора да обрнеш внимание на минатото“ – вели Лагерфелд.
Јонски столбови, маслиново дрво и позадина од зајдисонце на рајски грчки остров... креативниот директор на француската модна куќа несомнено посвети внимание на секој детаљ при осмислувањето на изгледот на шоуто.