Бијонсе и нејзината мајка Тина Ноулс ја објавија кампањата за новата колекција на нивниот современ моден бренд „House of Deréon“. За рекламните фотографии позира сексапилната Бијонсе, покажувајќи неверојатна самодоверба и чувство за стил.
Фотографиите биле направени од реномираниот фотограф Жан-Батист Мондино.
Колекцијата е инспирирана од настапот на Бијонсе на големиот музички фестивал Гластонбери, па есенската понуда се фокусира на „бохо“ девојката која обожава да посетува фестивали.
Во колекцијата се вклучени долги сукњи, кежуал блузи и кошули и интересни фустанчиња во парти стил. Модните парчиња го одразуваат еклектичкиот стил и музиката на бендовите кои се насочени кон алтернативниот рок. Еве ја и целосната колекција: