Дизајнерите добро знаат дека на жените им е потребна цела година за да ја испланираат својата свадба од соништата. Токму затоа нивните колекции со невестински фустани пристигнуваат многу порано.
Во Њујорк своите невестински фустани за сезоната пролет 2012 веќе ги претставија многу популарни брендови и дизајнери како Оскар де ла Рента, Вера Ванг, Маркеса и Каролина Ерера. Погледнете дел од најдобрите фустани кои сигурно ќе ве воодушеват, а на некои од вас ќе им дадат и инспирација.