За време на Берлинската недела на модата, претставен е невестинскиот „фустан“ кој никогаш не би посакале да го носите на вашата свадба.
Провокативната креација која повеќе открива отколку што покрива е дело на модниот бренд Kaviar Gauche, а се состои од бел градник и бели танга гаќички поврзани со неколку бели ленти. За да се зачува невестинскиот стил, креацијата е надополнета со бел долг превез.

Дизајнерското дуо составено од Александра Фишер-Ролер и Јоана Кил креира венчаници од 2003 година, но ова дефинитивно е најнетреадиционалниот невестински фустан кој некогаш го испратиле на модните писти.
Медиумите активно коментираат дека најсоодветното место за оваа креација можеби би била првата брачна вечер, а не самата свадба, особено затоа што предниот дел од „фустанот“ наликува на стрелка која ќе го упати младоженецот.