Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Невестински и свечени фустани од колекцијата „White“ од Вера Ванг

ФОТО: Невестински и свечени фустани од колекцијата „White“ од Вера Ванг

Вера Ванг ги дизајнира венчаниците кои се сон на секоја жена, па многу невести со подлабок џеб избираат токму нејзина креација за големиот ден. За да ги задоволи и обожавателките кои не се подготвени да платат голема сума, 63-годишната креаторка ја создаде линијата White by Vera Wang, која се состои од невестински и свечени фустани по пристапни цени.

Новата колекција пролет 2013 е составена од раскошни венчаници во бела, светло розова и кремова боја, како и од коктел фустани за најважните гостинки на свадбата.

„За оваа сезона црпев инспирација од деликатната форма на цвеќињата и нивната женствена привлечност“ – објаснува Ванг.

Освен елегантни невестински фустани кои се продаваат по цена од 600 до 1.700 долари и фустани за деверуши кои чинат помалку од 200 долари, колекцијата вклучува и модни додатоци за коса и гламурозни обувки.

White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang White by Vera Wang

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.