Тајландска актерка блесна во ОСУМ прекрасни венчаници на прославите по повод нејзиното стапување во брак. Свадбените свечености се одржуваа во текот на две недели.
Свадбата на Ној Чотика и Арм Манехи се одржа на 10 септември и дигна голема врева пред сè поради одличните стајлинзи на невестата, но и поради бројот на фустани кои таа ги промени. Секоја од креациите доаѓа од ателје на врвен дизајнер.
На денот на свадбата, Чотика промени три различни креации, но во најважниот момент, својот изглед му го довери на неповторливиот либански дизајнер Зухаир Мурад. Венчаницата „Дејзи“ од колекцијата на Зухаир Мурад за 2015 година одлично ја истакнуваше тенката фигура на невестата.
Видеа
Зухаир Мудар со видео на Instagram им го честита стапувањето во брак на младенците:
За фотосесијата пред свадбената прослава, убавата актерка избра фустан кој доаѓа од ателјето на дизајнерот Наим Кан, додека креацијата која Ној ја носеше за забавата по свадбата е дело на американската дизајнерка Џени Пекам.
Традиционалната церемонија и разменувањето на прстените меѓу Ној и Арм се одржа една недела пред свадбата, а на неа Ној носеше два фустани со боја на лаванда. За фотосесиите пред нивното венчавање, Чотика промени уште две венчаници.
Неколку дена претходно се одржа моминската вечер на убавата невеста, на која таа носеше венчаница од брендот Chuanpisamai.