Луксузниот моден бренд Escada без исклучоци ги плени дамите со стил. Колекцијата есен/зима 2014 е неодолив резултат од експериментирање со модернистички силуети и префинети свилени и волнени ткаенини и крзно.
Делата на американскиот уметник Џејмс Тарел го инспирирале дизајнерот Даниел Вингејт минимално да го модифицира класичниот изглед кон кој се стремат елегантните припаднички на понежниот пол.
Богати нијанси кои потсетуваат на скапоцени камења, како смарагд, опал и рубин, заедно со цветните дезени создаваат привлечна визуелна хармонија, додека миди здолништа, женствени панталони и сакоа, наметки и софистицирани фустани го заробуваат погледот.