Синоќа со гламурозна церемонија беше отворен Филмскиот фестивал во Венеција. Премиерата на филмот „Everest“ го одбележа првиот ден на 72. издание на најстариот филмски фестивал во светот.
Елизабет Бенкс
41-годишната актерка со беспрекорна елеганција ги привлекуваше објективите на фоторепортерите. Белата креација со блескави камења од Долче и Габана ја постави Бенкс на листата на најдобро облечени ѕвезди на вечерта.
Даен Кругер
За свеченоста, атрактивната Германка избра фустан од Прада.
Алесандра Амбросио
Славната манекенка самоуверено позираше во бел бохо фустан од брендот Philosophy и обувки со тантела од Кристијан Лобутин.
Гоја Толедо
Шпанската актерка изгледаше гламурозно во фустан од високата мода на Ели Сааб.
Џејк Џиленхал
Холивудскиот заводник носеше елегантно одело од Салваторе Ферагамо.
Елиза Седнауи
Италијанската убавица заведуваше во креација од високата мода на Армани.
Паз Вега
Вега шармираше во фустан од британската модна куќа Ралф и Русо.
Џош Бролин и Кетрин Бојд
Бролин, облечен во костум од Долче и Габана, зачекори на црвениот тепих со својата свршеница.
Франка Соцани
Главната уредничка на „Вог“ Италија избра фустан од Валентино.