Провокативните стајлинзи се вистинска реткост на Филмскиот фестивал во Венеција. Па, кога два модели зачекорија на црвениот тепих со вулгарни шлицови и не вложија ниту малку труд да ги покријат своите приватни делови, кон нив беше насочен бран од негативни критики.
На премиерата на ТВ серијата „Young Pope“, Италијанката Џулија Салеми носеше портокалов фустан, додека Бразилката Дајана Мело дефилираше во розова креација. И двете покажаа речиси сè додека позираа пред зачудените фоторепортери.
Откако привлекоа многу критики, Салеми на социјалните мрежи објави кратка порака во која им се извини на сите кои сметаат дека нејзиниот изглед е вулгарен и се чувствуваат навредени. „Ги прифаќам сите конструктивни критики, но сепак ова е мој живот“ – напиша таа.
Годинашното издание на најстариот филмски фестивал во светот започна на 31 август, а ќе трае до 10 септември.